Сергеј целосно ќе се посвети на претседателската функција во Вардар

Сергеј Самсоненко истакна дека во иднина нема да биде дел од стручниот штаб на РК Вардар и дека неговиот ангажман во иднина ќе биде насочен исклучиво на функцијата прв човек. Ова го потврди и самиот Самсоненко во пресрет на мечот во СЕХА лигата против Мешков Брест. 

„Се обидов колку што можам и самиот да помогнам, но би сакал да информирам дека повеќе нема да седам на клупата. Околу стручниот штаб, можам да кажам дека тоа прашање можеби ќе го решиме во јануари, а можеби на почетокот на следната сезона“ – истакна Самсоненко на прес-конференцијата.

Русинот потврди дека веќе го имаат постигнато договорот со Сергеј Горбок за негов тригодишен ангажман во црвено-црниот дрес. Се очекува Горбок да се приклучи во тимот на Вардар по завршувањето на сезонава. 

06.12.2013 - 15:59

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега