Малолетна бегалка ја размрда скопската полиција

56 годишниот Љ.К. вчера наутро пријавил дека веќе 3 дена нема ни трага ни глас од неговата 13 годишна внука. 

Тој од соседите дознал дека внуката се наоѓа кај 16 годишниот скопјанец Ј.А. па отишол кај неговиот татко да ја побара. Таткото на Ј.А. му рекол на Љ.К. дека неговата внука и 16 годишникот се земени и живеат во Дојран. Загрижениот Љ.К. пријавил во полиција, па по преземените мерки девојчето било пронајдено во домот на малолетниот Ј.А. 

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот. 

07.12.2013 - 13:24

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа