Министерот Адеми во посета на Норвешка

Министерот за животна средина и просторно планирање Абдилаќим Адеми од денеска до 15 мај,  ќе престојува во посета на Норвешка.

како што информира ресорното министерство, во рамки на посетата тој ќе има средби со министерот за животна средина на Норвешка Бард Вегард Солхјел, директорот на Агенцијата за клима и загадување Марит Кјелдби, како и со претставници од Министерството за надворешни работи на Норвешка, кое е донатор на средства за започнатиот проект.

Адеми ќе се обрати и на отворањето на работилницата по повод почетокот на проектот „Градење на капацитет за овозможување на примената на шемата на ЕУ за тргување со емисии во Македонија.

Во рамките на посетата ќе биде потпишано и Писмо за намери за постојната и идна билатерална соработка на полето на климатските промени и воспоставувањето на шемата за трговија со емисии на гасови. 

ФОТО: Денешен

најчитано сега