Преку ноќ осиромашил 2.000 евра - крадци го тресат тетовско Радиовце

45 годишниот Ш.Ш. претрпел штета од 2.000 евра откако засега непознати крадци вчера го опустошиле неговиот маркет во селото Радиовце.

Од тетовската полиција информираат дека грабежот се случил во период меѓу 20:30 и 7 часот утринава.

- Сторителите тешката кражба ја извршиле откако го скршиле катинарот од влезната врата, влегле во маркетот и одзеле 50 штеки цигари „Малборо“ и околу 3.000 денари во разни апоени. Вкупната материјална штета сопственикот ја проценува на околу 2.000 евра, вели Јосифовски за МИА.

Ова е втора кражба во Радиовце за четири дена. Ноќта во четвртокот, непознати сторители од куќа на лице што се занимавало со менување девизи украле разни девизи и денари, како и 2.000 евра.

Полицијата извршила увид и трага по сторителите. 

 

 

08.12.2013 - 12:27

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега