Митевски се пофали со проектите во Петровец

Градоначалникот на Општина Петровец, Борче Митевски денеска одржа прес-конференција на која даде отчет на досега сработеното.

Пресс24 интегрално ви го пренесува обраќањето на Митевски.

Ја имам честа како Градоначалник на општина Петровец да ви се обратам и да дадам отчет на досега сработеното.

            Во изминатиов период работевме совесно и одговорно со цел она што го ветив на моите граѓани на локалните избори истото да почнеме да го реализираме.

            Работевме на сите полиња и во соработка со Советот на Општина Петровец ги донесовме сите потребни одлуки од кој зависеше реализацијата на мојата програма.

            Би сакал накратко да ве запознаам со досега сработеното во Општина Петровец:

            1. Изградивме 4 улици со бекатон плочки во населеното место Петровец во вкупна должина од 500 метри.

            2. Во населеното место Ржаничино изградивме една улица во вкупна должина од 270 метри.

            3. Во Средно Коњари изградивме 2 улици во вкупна должина од 400 метри, а во Горно Коњари е изградена една улица во должина од 480 метри.

            4. Изградена е улица во должина од 950 метри во викенд населбата Кочкова населба во Катланово.

            5. Асвалтиран е дел од патот Петровец - Огњанци во должина од 1060 метри.

            6. Асвалтиран е дел од патот Петровец - Ржаничино во должина од 700 метри.

            7. Во Катланово изградивме и пуштивме во употреба детски забавен парк.

            8. Во дворот на Основното Училиште Кочо Рацин во Петровец изградивме и пуштивме во употреба нова спортска сала со површина од 1300м2 со капацитет од 400 седишта.

            Во дворот на општината изградивме и пуштивме во употреба ново фудбалско игралиште со вештачка трева, исто така изградивме игралиште за кошарка, така што целиот комплекс заедно со детското игралиште и ново изградениот плоштат претставува една заокружена целина за спорт и рекреација.

            Да напоменам дека отпочнавме со изградба на нова училишна зграда на Основното Училиште Кочо Рацин во Петровец со што и комплетно ќе бидат реконструирани и ново изградени сите училишта во нашата Општина.

            Паралелно со овие активности во тек е изградбата на на водоводна мрежа, во должина од 2000 метри во мултифункционалната зона Ќојлија.

            Имањето на водовод и квалитетна вода за пиење, постоењето на канализациона мрежа, одржувањето и реконструкцијата на патната инфраструктура, изградбата и одржувањето на парковите и зеленилото е облас која секој граѓанин ја чуствува во неговото секојдневно живеење.

            Со цел да ги подигнеме стандардите на живеење на сите наши сограѓани, на ова поле успеавме да ја завршиме првата фаза од одводната фекална канализација во населено место Петровец.

            Во Средно Коњари изградивме водоводна мрежа и во тек е приклучување на домаќинствата кон истата.

            Основата за развој на Општината претставува поставувањето на здрави темели, а урбанистичките планови базирани на реалните потреби и барања на граѓаните и инвеститорите се токму тоа.

            Сериозно се зафативме со оваа проблематика и ги донесовме следните урбанистички планови:

            1.Урбанистичкиот план за Долно Коњари со површина од 28ха, за лесна и не загадувачка индустрија и домување.

            2.Изработивме урбанистички план за Ржаничино, блок 6 со површина од 35ха, од кој 150 парцели за домување и 24 парцели за лесна незагадувачка индустрија.

            Само во преиодот од 8 месеци успеавмме да отуѓиме уште 47 градежни парцели од кои 39 за домување, 6 за лесна и незагадувачка индустрија и 2 за спорт и рекреација.

            Но тука не застануваме, Општина Петровец е со широко отворени врати за сите инвеститори кој сакаат да дојдат, да купат парцели и да градат, бидејќи ние сме спремни со готови проекти и имаме можност да отуѓиме парцели за лесна индустрија и домување.

            Во завршна фаза е проектот за нова индустриска зона од 88ха која се протега покрај регионалниот пат Р103 од Ржаничино до Катланово во должина од 4000м.

            Почитувани, ова се само дел од реализираните проекти со кој можеме да се пофалиме и да ви ги презентирам за изминатиот период.

            Јас може да ветам како досега така и во иднина ќе продолжам да работам транспаретно и очетно во интерес на мојте сограѓани.

 

 

08.12.2013 - 12:53

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа