Од наредната недела нови цени на бензините во Македонија

Наредниот понеделник, согласно востановената пракса, Регулаторната комисија за енергетика треба да изврши корекција на малопродажните цени на бензините. Согласно Законот, регулаторите треба да одредат, дали во наредните 14 дена на бензинските пумпи низ Македонија ќе се точи, поскапо или певтино гориво. Во пресметката на максималните малопродажни цени, регулаторите се водат од цената на суровата нафта на светските берзи во претходните 2 недели, како и курсот на денарот во однос на доларот. 
Анализите на светските нафтени берзи покажуваат дека во изминатава недела црното злато станувало се поскапо а се очекуа тој тренд да продолжи и оваа недела. Во однос на доларот растат и еврото но и британската национална валута.
При последната корекција, малопродажните цени на бензините и дизел горивото се зголемија за 1,5 денари. Со тоа цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 78,00 ден/лит, цената на ЕУРОСУПЕР БС-98  изнесува 80,00 ден/лит, додека цената на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 70,00 ден/лит.

 

09.12.2013 - 13:51

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега