Во завршна фаза изградбата на паркингот до „Свети Пантелејмон“

Таткото на Град Скопје, Коце Трајановски, заедно со директорот на јавното претпријатие „Улици и патишта“ Синиша Ивановски, направија увид во градежните работи за изградба на нов паркинг простор до манастирот „Свети Пантелејмон“.

- Новиот паркинг простор е изграден на површина од 2.400 метри квадратни, каде се поставени два слоја асфалт. Првиот е од БХНС со дебелина од 22,7 сантиметри, додека вториот е АБ 11 со дебелина од пет сантиметри. Реконструираниот паркинг простор има капацитет од 72, додека со изградбата на новиот ќе се обезбедат дополнителни 120 паркинг места. Со реконструкцијата и изградбата на новиот паркинг простор значително ќе се подобри пристапноста за сите посетители на манастирот „Свети Пантелејмон“ и „Етно селото”, кое е во изградба, како и на сите посетители на планината Водно, рече Трајановски. 

Реконструкцијата на постоечкиот и изградбата на новиот паркинг простор опфати градежни активности на површина од 4.300 метри квадратни, со што ќе се добијат вкупно 192 паркинг места.

09.12.2013 - 14:04

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега