Трагедија во Гостиварско: Се обеси 25 годишна девојка

 Дваесет и петгодишната Р.Н. од гостиварското село Врањовце околу полноќ си го одзела животот со бесење, информираат од СВР Тетово.

Случајот во полиција го пријавил нејзиниот девер А.Ф., кој телото на снаата го пронашол во шталата, обесено на јаже префрлено преку греда. Р.Н. набрзо била пренесена во Гостиварската болница, каде била констатирана нејзината смрт.

- Непосредно по пријавата, на местото излегла екипа на крим техника, истражен судија и јавен обвинител. Утрово, телото по наредба на истражен судија е предадено на обдукција, изјави Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Ова е трето самоубиство со бесење во Полошко неделава. Животите во средата и саботата си ги одзедоа, жител на селото Дебреше и дванаесетгодишно момче од тетовски Требош. Со овој случај, за нецел месец, бројот на самоубиствата во полошкиот регион се искачи на пет. Претходно беа регистрирани две случаи со смртен исход од давње во Пена во Тетово и во Гостивар во Вардар

најчитано сега