Загина 10 годишно дете во сообраќајка пред Скопје

Десет годишно дете загина во сообраќајна несреќа откако било прегазено со автомобил на регионалниот пат Скопје - Тетово. Како што инофмира полицијата, А.Р (52) од селото Буковиќ управувајќи возило марка Голф удрил во 10 годишниот Нури Џ. од селото Арнакија. Во сообраќајната незгода, Нури се здобил со тешки телесни повреди и веднаш бил префрлен во поликлиниката Ѓорче Петров, но по пат, им подлегнал на повредите. Од МВР информираат дека телото на детеето е предадено на обдукција а полицијата извршила увид.

најчитано сега