Црвена Ѕвезда лидер во АБА лигата

По победата над Задар со 82:69 тимот на Црвена Ѕвезда изби на првото место во АБА лигата. По 11 коло, „црвено-белите“ имаат 9 победи и 2 порази. Веќе во недела српскиот тим ќе му гостува на МЗТ Скопје во Аеродром.  

На синоќешниот натпревар најефикасни беа Бобан Марјановиќ со 15 поени кај Црвена Звезда и Марко Шутало кај Задар со 20 поени.

Преглед на резултатите од 11.коло: Широки – МЗТ Скопје Аеродром 67:63 (по продолжение), Будуќност – Цедевита 64:60, Раднички – Крка 84:77, Шолнок – Партизан 76:71, Цибона – Игокеа 74:82 и Унион Олимпија – Мега Визура 88:75.

Табела: Црвена Звезда 20 бодови, Партизан 19, Цедевита 19, Цибона 18, Будуќност 18, Игокеа 18, Мега Визура 16, МЗТ Скопје Аеродром 15, Раднички 15, Крка 15, Задар 15, Шолнок 15, Унион Олимпија 14, Широки 14.

10.12.2013 - 11:46

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега