Статистика: Откупот на земјоделски производи во октомври над милијарда денари

Според податоците од Државниот завод за статистика, во октомври годинава вредноста на откупот и продажбата на земјоделски производи изнесува 1.063.576.000 денари.  Со тоа, се забележува пад за 6,4 отсто во споредба со истиот период минатата година.

Вредноста на откупените земјоделски производи од индивидуалните земјоделски производители е намалена за 6,9 отсто, а продажбата од сопственото производство на претпријатијата е намалена за 5,9 отсто.

Од друга страна, золемување на вредноста на откупените и продадените земјоделски производи се забележува кај индустриските и градинарските растенија, овошјето, алкохолните пијалаци, живината и јајцата, млечните производи и рибата, а намалување се забележува кај житата, фуражните растенија, грозјето, добитокот и млекото.

10.12.2013 - 13:18

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега