Статистика: Алфите апселе по 9 лица дневно

Припадниците на Единицата за борба против криминалот “алфа“ во текот на минатиот месец при вршење на редовна мотопатролна дејност, вкупно извршиле легитимирање на 1073 лица, извршен преглед на 103 ПМВ, а по разни основи приведени се вкупно 279 лица.

Итоа по основ на телеграма - 33 лица, по основ на Потраги, Гласник, Наредба од Основен суд – 37 лица, под сомнение за извршено кривично дело – 33, по извршено кривично дело – 51 лице,  на лице место во вршење на кривично дело – 13 лица, за издржување на казна затвор – 11, утврдување на идентитет – едно лице, странски државјани со нерегулиран престој – едно лице и држење или поседување недозволени предмети – двајца.

Вкупно приведени лица по ЈРМ – 18

Учество во тепачка - 7

Физички напад – 6

Нарушен ЈРМ – 5

Вкупно приведени лица со оружје – 3

Гасен пиштол – 2

Пиштол – 1

Вкупно приведени лица за поседување опојни дроги – 56

НН тревкаста материја – 50

НН прашкаста материја – 3

НН течност - 3

Вкупно приведени лица со ПМВ – 15

по телеграма – 9

сторен царински прекршок – 1

сообраќаен прекршок - 5

Вкупно приведени лица со моторцикл без документација – 5

Вкупна дадена асистенција при вршење претрес на дом и други простории 9– и се пронајдени: делови од компјутерска опорема кои потекнуваат од извршено кд;

предадено лица за носење на недозволени предмети (нож)

дадена асистенција на УЈП за контрола на објекти

пронајдено и предадено ПМВ натоварено со бесправни дрва

предадени 17 лица за нарушен ЈРМ (физички напад, тепачка и сл)

предадено лице непосредно по извршено кривично дело

предаден моторцикл без никаква документација

предадено лице барано за напуштање на дом за малолетници

дадена асистенција за пронаоѓање на предмети од кд

пронајдени и предадени 3 ПМВ барано по телеграма

асистенција за рушење на бесправен објект

пронајдени и предадени 3 ПМВ предмет на извршено кд

предадено лица фатено на лице место во вршење на кд

предаден моторцикл – сомнение за кривично дело

Вкупно извршен спровод на 5 лица

Предадени лица на сообраќајна патрола- 18

(Интегрален текст од соопштение на МВР)

најчитано сега