Албанија е приморана да затвора неколку амбасади

Министерот за надворешни работи Дитмир Бушати изјави дека Албанија ќе затвори неколку амбасади, а ќе изврши и прераспоредување на други, пренесува дописникот на МИА од Тирана.

Ова е прв чекор на штедење на албанската влада, која наследи огромни долгови од претходната.

На седница на парламентарната комисија на која биле дадени и предлози за нови амбасадори во три земји, Бушати рече дека има потешкотии во буџетот за што ја обвинил  претходната влада, на поранешниот премиер Сали Бериша.

- Претходната влада ни остави една огромна дупка во областа на дипломатијата. Кога зборувам за разционализација подразбирам затворање на амбасади во разни земји, изјави Бушати.

На прашањето кои се тие земји, тој со одговор: Ова е процес кој е во тек. Благодарам. 

Претходно, премиерот Еди Рама на седница на парламентарна група на владејачката Социјалистичка партија изјави дека економската ситуација во Албанија е полоша отколку што очекувале.

На седницата на парламентарната комисија биле дадени предлози: Артур Куко актуелен амбасадор во НАТО, да биде наименуван за амбасадор во Германија, Адриана Ходбари  за албански претставник  во Стразбур и Роланд Бимо, дипломат од кариера,  за амбасадор во Виена.

10.12.2013 - 14:49

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа