ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ да го објават договорот, не може да има деловна тајна кога народот плаќа 1.3 милијарди

 

„СДС нека излезе и нека го покаже договорот.

Има закон и за 40 часови работна недела  па СДС турка процедура за 60 часовна работна недела, затоа што потпишале договор со пенали за државата од 53 милиони евра, ако не донесат законски измени.“-велат во своето соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

-Според материјалите кои ги добивме од свиркачи, договорот содржи дел од кој се гледа дека 70% од работниците ќе бидат странци, дополнително се регулира дека истите ќе можат да работат и без работни дозволи.

Гледаме дека СДС потпишале работи, кои сега брзаат со законски измени да ги легализираат, како што е со 60 часовната работна недела. Истото е и со сите други законски измени кои ги предлагаат.

Необјавувањето на договорот пред јавноста говори дека СДС и ДУИ нешто кријат.

Јавноста мора да знае како ќе се трошат 1.3 милијарди евра народни пари.

Парите со кои ќе се плаќа изведбата на Коридорите 8 и 10д се на македонските граѓани, а не на Груби и Ковачевски, и граѓаните се тие кои мора да знаат што плаќаат.

Наместо лаги, најмалку што треба владата да направи е да го објави договорот. Зошто не постои деловна тајна во законот за класифицирани информации.

Не може да биде тајна како ќе се трошат парите на граѓаните.-додаваат од партијата.

21.04.2023 - 13:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега