Ристовски: Исполнивме уште едно ветување

Министерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски, денеска одржа работна средба со пензионерите од пензионерскиот дом во Ѓорче Петров, на која истакна дека Владата оствари уште едно ветување кое беше дадено пред локалните избори.

Пензионерскиот дом во Ѓорче Петров доби комплетно нови врати и прозори, кои ќе им овозможат на пензионерите подобар престој.

Ристовски изрази благодарност до директорот на ПИОМ, Беким Незири и претседателот на Сојузот на пензионери Драги Аргиров, за поддршката која била дадена од нивна страна.

Министерот најави дека во иднина ќе бидат реконструирани и останатите пензионерски домови на територијата на Република Македонија.

ФОТО: Влада.мк

најчитано сега