Се бараат 29 службеници во Министерството за образование - плата 34.000 денари

Министерството за образование објави јавен оглас за вработување на 29 службеници.

АПЛИЦИРАЈ

1. Советник за развој и меѓународна соработка, Одделение за поддршка на инспекторатот и анализа на квалитетот на наставата, Сектор за инспекциски надзор и оценување на квалитетот на основното и средното образование-Државен просветен инспекторат – Скопје (1)извршител(и);

- Висока стручна спрема (VII/1) или најмалку 240 ЕКТС – факултет за образование на наставници, правни науки или економски факултет со здобиена педагошко-психолошка и методска подготовка

- најмалку 3 (три) години работно искуство во струката

- ефективна орална и писмена комуникација

- активно познаење на англиски или друг светски јазик

- работа со компјутер

- неделното работно време е од понеделник до петок, 8 работни часа (08:30-16:30), основната плата 24.049,00 денари

2. Виш соработник за поддршка на инспекторатот, Одделение за поддршка на инспекторатот и анализа на квалитетот на наставата, Сектор за инспекциски надзор и оценување на квалитетот на основното и средното образование-Државен просветен инспекторат – Скопје (1)извршител(и);

- Висока стручна спрема (VII/1) или најмалку 180 ЕКТС – Факултет за економски науки, насока – сметководство и ревизија

- најмалку 2 (две) години работно искуство во струката

- ефективна орална и писмена комуникација

- знаење на англиски или друг светски јазик

- работа со компјутер

- неделното работно време е од понеделник до петок, 8 работни часа (08:30-16:30), основната плата 22.351,00 денари

3. Виш соработник за координација на проекти, Одделение за поддршка на инспекторатот и анализа на квалитетот на наставата, Сектор за инспекциски надзор и оценување на квалитетот на основното и средното образование-Државен просветен инспекторат – Скопје (1)извршител(и);

- Висока стручна спрема (VII/1) или најмалку 180 ЕКТС – Хуманистички науки

- најмалку 2 (две) години работно искуство во струката

- ефективна орална и писмена комуникација

- активо познаење на англиски или друг светски јазик

- работа со компјутер

- неделното работно време е од понеделник до петок, 8 работни часа (08:30-16:30), основната плата 22.351,00 денари

4. Помлад соработник за стручно-административни и сметководствени работи, Одделение за поддршка на инспекторатот и анализа на квалитетот на наставата, Сектор за инспекциски надзор и оценување на квалитетот на основното и средното образование, Државен просветен инспекторат – Скопје (1)извршител(и);

- Висока стручна спрема (VII/1) или најмалку 180 ЕКТС – економски факултет

- без работно искуство

- ефективна орална и писмена комуникација

- знаење на англиски или друг светски јазик

- работа со компјутер

- неделното работно време е од понеделник до петок, 8 работни часа (08:30-16:30), основната плата 20.170,00 денари

5. Помлад соработник за нормативно-правни работи во дејноста на инспекторатот, Одделение за поддршка на инспекторатот и анализа на квалитетот на наставата, Сектор за инспекциски надзор и оценување на квалитетот на основното и средното образование, Државен просветен инспекторат- Скопје (1)извршител(и);

- Висока стручна спрема (VII/1) или најмалку 180 ЕКТС – правен факултет-правни науки со здобиена педагошко-психолошка методска подготовка

- без работно искуство

- ефективна орална и писмена комуникација

- знаење на англиски или друг светски јазик

- работа на компјутер

- неделното работно време е од понеделник до петок, 8 работни часа (08:30-16:30), основната плата 20.170,00 денари

6. Помлад соработник за координација на проекти во инспекторатот, Одделение за поддршка на инспекторатот и анализа на квалитетот на наставата, Сектор за инспекциски надзор и оценување на квалитетот на основното и средното образование, Државен просветен инспекторат – Скопје (1)извршител(и);

- Висока стручна спрема (VII/1) или најмалку 180 ЕКТС – општествени науки

- без работно искуство

- ефективна орална и писмена комуникација

- знаење на англиски или друг светски јазик

- работа со компјутер

- неделното работно време е од понеделник до петок, 8 работни часа (08:30-16:30), основната плата 20.170,00 денари

7. Помлад соработник за оценување на квалитетот во образованието, Одделение за поддршка на инспекторатот и анализа на квалитетот на наставата, Сектор за инспекциски надзор и оценување на квалитетот на основното и средното образование, Државен просветен инспекторат – Скопје (1)извршител(и);

- Висока стручна спрема (VII/1) или најмалку 180 ЕКТС – Хуманистички науки

- без работно искуство

- ефективна орална и писмена комуникација

- знаење на англиски или друг светски јазик

- работа со компјутер

- неделното работно време е од понеделник до петок, 8 работни часа (08:30-16:30), основната плата 20.170 денари

8. Помлад соработник за поддршка и координација на работата во инспекторатот, Одделение за поддршка на инспекторатот и анализа на квалитетот на наставата, Сектор за инспекциски надзор и оценување на квалитетот на основното и средното образование, Државен просветен инспекторат – Скопје (1)извршител(и);

- Висока стручна спрема (VII/1) или најмалку 180 ЕКТС – факултет за образование на наставници со здобиена педагошко-психолошка и методска подготовка

- без работно искуство

- ефективна орална и писмена комуникација

- знаење на англиски или друг светски јазик

- работа со компјутер

- неделното работно време е од понеделник до петок, 8 работни часа (08:30-16:30), основната плата 20.170 денари

9. Помлад соработник за унапредување на информатичка дејност во инспекторатот, Одделение за поддршка на инспекторатот и анализа на квалитетот на наставата, Сектор за инспекциски надзор и оценување на квалитетот на основното и средното образование, Државен просветен инспекторат – Скопје (1)извршител(и);

- Висока стручна спрема (VII/1) или најмалку 180 ЕКТС – факултет за информатика со здобиена педагошко-психолошка и методска подготовка

- без работно искуство

- ефективна орална и писмена комуникација

- знаење на англиски или друг светски јазик

- работа со компјутер

- неделното работно време е од понеделник до петок, 8 работни часа (08:30-16:30), основната плата 20.170 денари

10. Самостоен референт за поддршка и координација на инспекторатот, Одделение за поддршка на инспекторатот и анализа на квалитетот на наставата, Сектор за инспекциски надзор и оценување на квалитетот на основното и средното образовани, Државен просветен инспекторат – Штип (1)извршител(и);

- Више или Средно образование (VI или IV)

- најмалку 3 (три) години работно искуство во струката

- ефективна орална и писмена комуникација

- работа со компјутер

- неделното работно време е од понеделник до петок, 8 работни часа (08:30-16:30), основната плата 15.079 денари

11. Раководител на сектор за инспекциски надзор и оценување на квалитетот во основно и средно образование, Државен просветен инспекторат – Скопје (1)извршител(и);

- Висока стручна спрема (VII/1) или 300 ЕКТС – општествени науки, технички или природно-математички науки

- најмалку 5 (пет)години работно искуство во струката од кои 2 (две) години во државна служба

- добри организациски вештини

- добри интерперсонални и насочувачки вештини

- ефективна орална и писмена комуникација

- знаење на англиски или друг светски јазик

- работа со компјутер

- неделното работно време е од понеделник до петок, 8 работни часа (08:30-16:30), основната плата 34.474 денари

12. Раководител на одделение за инспекциски надзор и оценување на квалитет во основно и средно образование во југозападен плански регион, Сектор за инспекциски надзор и оценување на квалитетот на основното и средното образование, Државен просветен инспекторат – Струга (1)извршител(и);

- Висока стручна спрема (VII/1) или 300 ЕКТС – општествени науки, технички или природно-математички науки

- најмалку 4 (четири) години работно искуство во струката од кои 1 (една) година во државна служба

- добри организациски вештини

- добри интерперсонални и насочувачки вештини

- ефективна орална и писмена комуникација

- знаење на англиски или друг светски јазик

- работа со компјутер

- неделното работно време е од понеделник до петок, 8 работни часа (08:30-16:30), основната плата 27.201 денари

13. Советник – државен просветен инспектор за оценување на предучилишно, основно, средно, пост-средно и друго образование во скопски плански регион, Одделение за инспекциски надзор и оценување на квалитетот во основното и средното образование во скопски плански регион, Сектор за инспекциски надзор и оценување на квалитетот на основното и средното образование, Државен просветен инспекторат – Скопје (4)извршител(и);

- Висока стручна спрема (VII/1) или најмалку 240 ЕКТС – факултет за образование на наставници, правни науки или економски факултет со здобиена педагошко-психолошка и методска подготовка

- најмалку 5 (пет) години работно искуство во воспитно-образовна установа верифицирана од МОН

- ефективна орална и писмена комуникација

- знаење на англиски или друг светски јазик

- работа со компјутер

- неделното работно време е од понеделник до петок, 8 работни часа (08:30-16:30), основната плата 24.049,00 денари

14. Советник-државен просветен инспектор за инспекциски надзор и оценување на квалитетот во предучилишно, основно, средно, пост-средно и друго образование во вардарски плански регион, Одделение за инспекциски надзор и оценување на квалитетот на основно и средно образование во вардарски регион, Сектор за инспекциски надзор и оценување на квалитетот на основното и средното образование, Државен просветен инспекторат – Кавадарци (1)извршител(и);

- Висока стручна спрема (VII/1) или најмалку 240 ЕКТС – факултет за образование на наставници, правни науки или економски факултет со здобиена педагошко-психолошка и методска подготовка

- најмалку 5 (пет) години работно искуство во воспитно-образовна установа верифицирана од МОН

- ефективна орална и писмена комуникација

- знаење на англиски или друг светски јазик

- работа со компјутер

- неделното работно време е од понеделник до петок, 8 работни часа (08:30-16:30), основната плата 24.049 денари

15. Советник-државен просветен инспектор за инспекциски надзор и оценување на квалитетот во предучилишно, основно, средно, пост-средно и друго образование во југоисточен плански регион, Одделение за инспекциски надзор и оценување на квалитетот на основното и средното образование во југоисточен плански регион, Сектор за инспекциски надзор и оценување на квалитетот на основното и средното образование, Државен просветен инспекторат – Струмица (2)извршител(и);

- Висока стручна спрема (VII/1) или најмалку 240 ЕКТС – факултет за образование на наставници, правни науки или економски факултет со здобиена педагошко-психолошка и методска подготовка

- најмалку 5 (пет) години работно искуство во воспитно-образовна установа верифицирана од МОН

- ефективна орална и писмена комуникација

- знаење на англиски или друг светски јазик

- работа со компјутер

- неделното работно време е од понеделник до петок, 8 работни часа (08:30-16:30), основната плата 24.049 денари

16. Советник – државен просветен инспектор за инспекциски надзор и оценување на квалитет во предучилишно, основно, средно, пост-средно и друго образование во пелагониски плански регион, Одделение за инспекциски надзор и оценување на квалитетот во основно и средно образование во пелагониски плански регион, Сектор за инспекциски надзор и оценување на квалитетот на основното и средното образование, Државен просветен инспекторат – Битола (1)извршител(и);

- Висока стручна спрема (VII/1) или најмалку 240 ЕКТС – факултет за образование на наставници, правни науки или економски факултет со здобиена педагошко-психолошка и методска подготовка

- најмалку 5 (пет) години работно искуство во воспитно-образовна установа верифицирана од МОН

- ефективна орална и писмена комуникација

- знаење на англиски или друг светски јазик

- работа со компјутер

- неделното работно време е од понеделник до петок, 8 работни часа (08:30-16:30), основната плата 24.049 денари

17. Советник – државен просветен инспектор за инспекцсиски надзор и оценување на квалитет во образованието предучилишно, основно, средно, пост-средно и друго образование во југозападен плански регион, Одделение за инспекциски надзор и оценување на квалитетот на основното и средното образование во југозападен плански регион, Сектор за инспекциски надзор и оценување на квалитетот на основното и средното образование, Државен просветен инспекторат – Струга (2)извршител(и);

- Висока стручна спрема (VII/1) или најмалку 240 ЕКТС – факултет за образование на наставници, правни науки или економски факултет со здобиена педагошко-психолошка и методска подготовка

- најмалку 5 (пет) години работно искуство во воспитно-образовна установа верифицирана од МОН

- ефективна орална и писмена комуникација

- знаење на англиски или друг светски јазик

- работа со компјутер

- неделното работно време е од понеделник до петок, 8 работни часа (08:30-16:30), основната плата 24.049 денари

18. Раководител на одделение за инспекциски надзор во високото образование, научните институти, ученичките и студентските домови во полошки, скопски, североисточен, источен и југоисточен плански регион, Сектор за инспекциски надзор во високото образование и научните институти, ученичките и студентските домови, Државен просветен инспекторат – Скопје (1)извршител(и);

- Висока стручна спрема (VII/1) или 300 ЕКТС – општествени науки, технички или природно-математички науки

- најмалку 4 (четири) години работно искуство во струката од кои 1 (една) година во државна служба

- добри организациски вештини

- добри интерперсонални и насочувачки вештини

- ефективна орална и писмена комуникација

- знаење на англиски или друг светски јазик

- работа со компјутер

- неделното работно време е од понеделник до петок, 8 работни часа (08:30-16:30), основната плата 27.201 денари

19. Советник – државен просветен инспектор за високото образование, научните институти и ученичките и студентските домови во полошки, скопски, североисточен, источен и југоисточен плански регион, Одделение за инспекциски надзор во високото образование, научните институти, ученичките и студентските домови во полошки, скопски, североисточен, источен и југоисточен плански регион, Сектор за инспекциски надзор во високото образование и научните институти, ученичките и студентските домови, Државен просветен инспекторат – Скопје (5)извршител(и);

- Висока стручна спрема (VII/1) или најмалку 240 ЕКТС – факултет за образование на наставници, правни науки или економски факултет со здобиена педагошко-психолошка и методска подготовка

- најмалку 5 (пет) години работно искуство во воспитно-образовна установа верифицирана од МОН

- ефективна орална и писмена комуникација

- знаење на англиски или друг светски јазик

- работа со компјутер

- неделното работно време е од понеделник до петок, 8 работни часа (08:30-16:30), основната плата 24.049 денари

20. Советник – државен просветен инспектор за високото образование, научните институти и ученичките и студентските домови во југозападен, пелагониски и вардарски плански регион, Одделение за инспекциски надзор за високото образование, научните институти и ученичките и студентските домови во југозападен, пелагониски и вардарски плански регион, Сектор за инспекциски надзор во високото образование и научните институти, ученичките и студентските домови, Државен просветен инспекторат – Битола (1)извршител(и);

- Висока стручна спрема (VII/1) или најмалку 240 ЕКТС – факултет за образование на наставници, правни науки или економски факултет со здобиена педагошко-психолошка и методска подготовка

- најмалку 5 (пет) години работно искуство во воспитно-образовна установа верифицирана од МОН

- ефективна орална и писмена комуникација

- знаење на англиски или друг светски јазик

- работа со компјутер

- неделното работно време е од понеделник до петок, 8 работни часа (08:30-16:30), основната плата 24.049 денари

Покрај горнаведените посебни услови, предвидени во Правилникот за систематизација на работните места на Министерство за образование и наука заинтетресираните кандидати треба да ги исполнуват и општите услови за вработување на државни службеници, предвидени во членот 13 став (2) од Законот за државни службеници.

Рокот за доставување на пријавите изнесува (5) дена, сметано од наредниот ден од денот на објавувањето на огласот (не сметајќи го денот на објавувањето). Условите наведени во огласот, кандидатите треба да ги исполнуваат во моментот на пријавувањето.

Уредно пријавените кандидати на јавниот оглас, ќе бидат известени за времето и местото на одржување на испитот за државен службеник и за достапноста на материјалите за подготовка на кадидатите за полагање на испитот. По полагањето на испитот за државен службеник со петте најуспешни кандидати за секое работно место, односно извршител, ќе се спроведе интервју во рок од седум (7) дена од денот на полагањето на испитот, во просториите на институцијата за чии потреби е објавен јавниот оглас.

Заинтересираните кандидати можат да поднесат ПРИЈАВА ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА ДРЖАВЕН СЛУЖБЕНИК (Јавен Оглас), во писмена форма преку писарницата на Агенцијата, по пошта на адреса Агенција за администрација Ул. Јуриј Гагарин бр. 15 – Комисија за селекција на државен службеник (со назнака за оглас број 207/2013) или во електронска форма преку интернет локацијата на Агенцијата за администрација http://prijava.aa.mk

 

10.12.2013 - 23:20

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега