Џеј не простува: Адил за мене е мртов!

Популарниот српски пејач Џеј си ја отвори душата за српскиот Курир и раскажа за хоророт низ кој поминала неговата ќерка откако неговиот зет ја претепа само два месеца по породувањето.

- Никогаш нема да му простам. Тој за мене е мртов човек. Го гледав како син. Многу сум разочаран, ова е голем срам. Живееме во 21 век, зар вака се решаваат проблеми? На мене да скокнеше и да ме претепаше можеби ќе му простев, но мојата ќерка....тој за мене е мртов човек, вели Џеј.

Инаку, Адил во полициската станица изјавил дека не ја претепал Ана туку само ја фатил за рамената бидејќи таа му ја навредувала мајката.

11.12.2013 - 10:51

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега