Мирко Кро Коп во петок во Скопје!

Најдобриот хрватски борец на сите времиња Мирко „Кро Коп“ Филиповиќ ќе биде гостин на боречкиот спектакл FFC 10 кој во петок ќе се одржи во салата „Борис Трајковски“, пренесуваат хрватските медиуми.

Според пишувањата, легендарниот борец доаѓа за да даде поддршка на Фајнл Фајт, но и да го поддржи својот пријател Рико Родригез.

-Сакав на овој начин да дадам поддршка на Фајнл Фајт промоцијата бидејќи во салата „Борис Трајковски“ во Скопје не очекува вистински спектакл. Неодамна го запознав Рико и моето присуство во ќошот при неговите борби е најмалку што можам да сторам, вели Мирко Филиповиќ.

Настанот ќе се одржи во петок со почеток во 19:30 часот во салата „Борис Трајковски“.

11.12.2013 - 10:58

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега