Ново место за дружење и забава - од утре ќе пазаруваме во „Капитол мол и резиденс“

Скопјани добиваат ново место за забава и шопинг. Утре свечено се отвара трговскиот центар „Капитол мол и резиденс“ кој се простира на 33.500 метри квадратни во скопската општина Аеродром.

Првите четири нивоа од 12.500 метри квадратни се наменети за шопинг центар, а 6.000 м2 се одвоени за резиденцијалниот – станбениот дел на горните четири катови. Паркинг просторот е на три нивоа под земја, со вкупна површина од 15.000 м2. Има 62 локала, со модерни бутици од познати интернационални, регионални и локални брендови, ресторан и фаст фуд дел,  детски центар и места за забава за посетителите од сите возрасти.

Инвестицијата е на домашната компанија Сити Плаза ДОО Скопје, поддржана од банките во Македонија, а вредноста е 30 милиони евра.

Новиот трговски центар ќе овозможи 500 нови работни места.

11.12.2013 - 13:21
Фото: 
Билд.мк

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега