На лидерската договорено дискусијата за една изборна единица да се води во Собранието

 

СДСМ дава поддршка за законските измени за една изборна единица, рече премиерот Димитар Ковачевски по денешната лидерска средба. За разните аспекти што ги имаат политичките партии за една изборна единица, премиерот рече дека договориле да се дискутира во Собранието.

„Во однос на законските измени за една изборна единица се договоривме дека дискусијата треба да се води во рамките на Собранието и дека таму треба да бидат земени предвид сите аспекти на политичките партии бидејќи знаете дека во рамките и на коалицијата и во рамките на опозицијата има разни мислења во однос на Изборниот закон. СДСМ е партија што во својата програма има поддршка за една изборна единица, а во рамките на Собранието ќе се расправа за модалитетите во однос на тоа дали треба да има изборен праг или не, застапеност на етнички заедници, родова застапеност на изборните листи и така натаму и дискусијата ќе се води во Собранието, како што беше договорено на лидерската средба“, рече премиерот Ковачевски.

ВМРО-ДПМНЕ како најголема опозициска партија отворено кажа дека, доколку Владата предложи, тие ќе поддржат менување на изборниот модел во една изборна единица наспроти сегашните шест оти тоа ќе донесе еднаквост на гласот во секоја општина и на целата територија на Македонија.

 
19.05.2023 - 15:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега