Прибак и Вугринец добија македонски државјанства - на следното ЕП играат за Македонија

Македонска владата на денешната седница позитивно одлучила Немања Прибак и Ренато Вугринец да добијат државјанство на нашата земја, јавува Курир.

-Врз основа на законската процедура и член 11 од Законот за државјанство, Владата одлучи Ренато Вугринец и Немања Прибак да бидат примени во државјанство на Република Македонија,сите надлежни институции дадоа позитивни мислења и одлуката е веќе донесена, вели за Курир владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев.

Исто така, РФМ во процесот на консултација со Агенцијата за спорт и млади дала позитивни карактеристики и високи оценки за предизпозициите на двајцата ракометари.

Со овој чекор на Владата широко ја отвора вратата за учество на двајцата ракометари на претстојното Европско првенство во ракомет под знамето на Македонија. Тоа ќе претставува големо засилување за државниот тим.

11.12.2013 - 14:12

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега