(ФОТО+ВИДЕО) Мисајловски за Сител ТВ: Оваа есен реални се предвремени избори
Ние сме на една страна на страната на Македонија и сите граѓани, се друго треба да го кажат македонските граѓани на каде ќе се движиме и дали тоа ќе биде Европската унија. И затоа овој блок кој го најавуваме е за сите оние што и мислат добро на Македонинија да се обединиме заедно и да не се понижуваме од вакви политичари како што ги гледаме како Ковачевски, Груби и Пендаровски и тие се оние што велеа дека штетните договори се оние што треба последно нешто да се прифати и потоа се ќе цвета во Република Македонија. Не смее да го заборавиме тоа, бидејќи Македонија е на ова дереџе поради такви политичари, ова денеска во Дневникот на телевизија Сител го истакна потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски.
-Затоа добро е за секој еден кој сака да ја види Македонија исправено, а не наведната со наведната кичма да ни се приклучи. Сега започнува онаа енергија за предвремени извори каде на терен граѓаните бараат избори, почнуваме огромен процес на формирање на блокот, но и процес на правење на програма која ќе биде најголема програма на идната влада на ВМРО-ДПМНЕ. Ние мора да се спремаме имаме доволно време да ги слушнеме граѓаните и да добиеме од нив порака што им треба и што е најважно за нив. Ние сега ќе правиме и една турнеја низ европски земји каде ќе собереме проекти, но и да ни пренесат знаење, како и со нашите комисии да започнеме да ја правиме програмата, вели Мисајловски.
Тој додава дека Македонија е заглавена во секој еден сектор и треба реформи на секое поле.
-За брзо ќе има и техничка влада и избори, вели Мисајловски.
Тој додава дека реални се избори оваа есен.
-Што ако не успеат тие уставни измени? Дали ќе понесат одговорност? Ако главната агенда им е уставни измени, а отпорот од граѓаните е преку 70 проценти каде 70 проценти од граѓаните се против уставни измени и сега овие политичари сакаат да одат во спротивно на волјата на граѓаните? Затоа изборите се најдобро решение, вели Мисајловски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа