СДСМ: Пред Мицкоски е одлуката, ЕУ или останува во заложништво на Левица
„Пратениците, политичките партии, вклучително и ВМРО-ДПМНЕ имаат обврска и одговорност пред граѓаните и иднината на државата.
Европскиот предлог за преговарачката рамка е најдобриот договор со ЕУ, подобар договор нема да има.
Тоа не е ултиматум тоа е реалност и тоа јасно го кажуваат сите наши стратешки партнери.
ВМРО-ДПМНЕ не може да обезбеди подобар договор, тоа е лага, токму тие ја држеа земјата 11 години во изолација“, порачуваат од СДСМ во соопштение испратено до медиумите.
А виделе грѓаните што значи изолација, заробена држава, без напредок и без перспектива.
„Христијан Мицкоски се уште има можност да реши: дали ќе ја поддржи македонската иднина во ЕУ или ќе остане во заложништво на Левица. Веќе следната недела ќе знаеме, дали Мицкоски ќе биде дел од блокот на ЕУ или остаува во анти европскиот блок со Левица“, велат од владејачката партија.
04.06.2023 - 10:24
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа