Партиските тела во СДСМ на состаноци ќе го усогласуваат начинот за продолжување на разговорите со ВМРО-ДПМНЕ
Извршниот комитет и Централниот одбор на СДСМ на седници ќе ги разгледуваат барањата на ВМРО-ДПМНЕ за поддршка на уставните измени.
Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска на прес-конференција потврди дека Ковачевски ќе ги свика партиските тела.
„По вчерашната сдредба имаме нови околности на политичката сцена и токму тие нови околности се повод за свикување на Извршниот и на Централниот одбор а секако дека тема ќе бидат начинот и формата со која што понатаму ќе продолжат преговорите со ВМРО-ДПМНЕ“, рече Кузеска.
На вчерашната лидерска средба ВМРО-ДПМНЕ најави дека ќе поддржи уставни измени ако по гласањето биде формирана широка влада во која нема да биде ДУИ, како и стапување во сила на измените во моментот кога Македонија ќе стане дел од ЕУ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа