ВИДЕО: Ковачевски се искара со новинарите и не даде одговор кој предлог на Мицкоски го прифаќа
Премиерот Димитар Ковачевски одби да даде одговор на новинарско прашање и се искара со новинарите, кога беше прашан кој предлог од страна на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски е прифатлив.
Имено новинарот го праша Ковачевски, кои од предлозите на Мицкоски е за вас е прифатлив и дали за некој од тие предлози имате разговарано во партијата како можен прифатлив?
Одговор кој го даде Ковачевски е следниот:
-Од кој медиум сте вие? Бевте на прес конференцијата? А беше некој ваш колега? А пуштија кај вас на телевизија од прес конференција? Значи да ви повторам што беше на прес конференција.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа