Џеј: Пријател ме спречи да го убијам Адил!

Џеј бил надвор од контрола кога дознал дека неговиот зет ја претепал неговата ќерка Ана, два месеци по породувањето. Пејачот вели дека имал среќа што до него бил негов пријател, инаку ќе го убиел Адил во тој бес.

- Ана ми јави што се случило. Не ми беше сеедно, полудев. Тогаш можев да направам секаква глупост. За среќа, во тој момент дојде мој пријател кој работи како полицаец и ми рече Немој да си мрднал полицијата се ќе заврши. Така ме спречи да направам глупост, вели Џеј.

Тој додава дека неговата ќерка имала рана од пораѓањето на местото каде ја удирал Адил и дека е навистина срамота се ова што се случило.

13.12.2013 - 11:00

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа