Гостивар: Влегле преку прозорец и украле злато вредно 10.000 евра

Засега непознати сторителија ограбиле куќата на 53-годишниот А.С. во Гостивар и заминале со плен во вредност од околу десет илјади евра. Според податоците, крадците во домот на печалбарот каде подолг период немало никој влегле преку подрумски прозорец и во потпокривот нашле ќесе во кое имало повеќе десетина парчиња златен накит.

Полицијата трага по сторителите.

 

13.12.2013 - 11:40
Фото: 
Евести

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа