Време: Утре пролет - температурите невообичаено високи

Времето утре во Македонија ќе биде претежно сончево. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. По котлините ќе биде претежно тивко.

Утринската температура ќе се движи од минус шест до минус еден, а дневната од 10 до 16 степени.

Во Скопје времето ќе биде претежно сончево и тивко. Утринската температура ќе се спушти до минус три, а дневната ќе се искачи до 12 степени.

Во наредните денови времето ќе биде стабилно и суво. Во утринските часови ќе има ниски утрински температури, а преку денот ќе има затоплување и ќе биде релативно топло за овој период од годината

13.12.2013 - 17:50

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега