Во пензија на 67 години

 

Хрватскиот сабор денеска донесе нов Закон за пензиско осигурување, со што Хрватска се приклучи кон државите кои ја кренаа  старосната граница за заминување во пензиј и тоа до 67 годишна возраст.

Оддржливоста на пензискиот систем, но и продолжениот животен век на населението, како и потребата на пазарот на трудот да се активираат постари лица, беа аргументите на ресорното министерстви за труд за кревање на старосната граница за пензионирање од 65 на 67 години и тоа од 2031 година.

Од следната до 2030 година ќе се задржат истите старосни услови за стекнување старосна и предвремена пензија, а почнувајќи од јануари 2031 година постепено ќе се зголемува староста за стекнување право на пензија, по три месеци секоја година до 2037 година.

Од 1 јануари 2038 година право на старосна пензија ќе се стекнува со 67 години, пренесува агенцијата Хина.

13.12.2013 - 17:54

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега