Лефков до Маричиќ: Престани да трошиш пари на кампањи, со вакво здравство и скандали не си Европа
„После поминати 14 месеци целата јавност е свесна за тоа како се манипулираше дека ќе биде обезбедено мнозинство па им фалеле двајца, тројца, четворица, пет, шест пратеници, тоа дополнително ги вознемируваше граѓаните и наместо да разговараме за реални проблеми ние разговаравме за работи кои не можат да се случат затоа што тие кои преземале обврска тоа да го спроведат не се консултирале со опозицијата и не разговарале со никого, впрочем најверојатно работеле само во свои интереси а не во интереси на државата“, истакна пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков во вечерашното гостување во емисијата „За или против“ на Телевизија Алфа.
Тој додаде дека за вакви промени и уцени кои доаѓаат од бугарски диктат тие кажале стоп.
„Тоа што се одлучија европските пари да ги трошат за кампања „Ние сме Европа“ покажаа дека во Македонија навистина имаат сериозни проблеми па сега им требаат европските средства и пари за да го билдаат својот углед. Погледнете ги објавите на Бојан Маричиќ кој себе промоцијата ја плаќа со пари од Европската Унија, еден дел од постовите се спонзорирани од европски пари. Најмалку што можат да направат парите за таа кампања и парите за Фејсбук рекламите на Бојан Маричиќ да завршат кај жртвите на луѓето од Онкологија, кај луѓето кои зеле кредити и се задолжиле за да ги лекуваат своите најблиски. Најмалку што треба да направи Бојан Маричиќ е веднаш да се откаже од таа кампања затоа што со вакво здравство, скандали не си Европа“, потенцираше Лефков.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа