Празнична среќна бајка на Државна Лотарија на Македонија

Од утре се до крајот на месецов на Плоштад Македонија во Скопје, Државна лотарија на Македонија ќе организира  ПРАЗНИЧНА СРЕЌНА БАЈКА. На специјално уреден простор на Плошад Македонија граѓаните ќе имаат можност да добијат информации за наградната игра Фискална во рака - награда без мака и во наменските кутии да ги остават своите коверти за учество во наградната игра. Воедно сите љубители на игрите на среќа преку понудата на мобилната промотивна продажба ќе можат да учествуваат и во игрите Бинго Бум и Инстант лотарија. Можеби токму Празничната среќна бајка ќе биде среќното место каде многу наши играчи ќе освојат вредна добивка од богатата лепеза на инстант лозови, или пак среќно место за освојување на премијата Бинго Бум.
Со учество во игрите на среќа кои ќе бидат понудени од мобилната продажба за време на настанот Празнична среќна бајка, играчите на игрите на среќа ќе имаат можност да освојат еден од 10те автомобили Голф 7 кои ги нуди инстант лозот 7ма Брзина, еден од 40те автомобили Рено Твинго со инстант лозот Твингоманија, еден од 20те автомобили Поло со инстант лозот Среќни тркала, еден од 35те скутери од гамата на Пијаџо што ги нуди инстант лозот Смајли, или пак вредна парична добивка од изборот на  Експрес лозот со премија до 300.000 денари, инстант лозот Детелинка со премии од 500.000 денари, Среќни коцки со 5 премии од 1.000.000 денари или најновиот празничен лоз Подарок кој за празничниот период може да изненади со една од 30те добивки од по 1.000 евра.
 
Со Празничната среќна бајка покрај забавата и  дружењето со водителите на ТВ емисиите на Државна лотарија на Македонија, ќе се направи подостапно учеството во игрите на среќа и наградната игра Фискална во рака награда без мака.
 
14.12.2013 - 10:15

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа