Вугринец живеел во Македонија

Ренато Вугринец како што објавува Дневник, ги исполнува условите да заигра за Македонија бидејќи го исполнува условот кој ЕХФ го оспорува, а тоа е двегодишен континуиран престој во нашата земја.

-Тој од 2010 година нема настапувано за Словенија, но останува спорно што нема се уште две години престој во земјата. РФМ испратило документ според кој Вугринец заедно со своето семејство престојувал во Скопје во периодот од 1980 до 1983 година кога неговите родители службено биле ангажирани тука, пишува Дневник.

За ЕХФ ова не е валидно бидејќи во тоа време е дел од СФРЈ, земја што повеќе не постои, а Словенија и Македонија се посебни земји. 

 РФМ сметаат дека ќе успеат да издејствуваат Вугринец да добие право на настап пред ИХФ.

14.12.2013 - 10:32
Фото: 
А1.он

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега