Цеца спасила три лица од смачкан автомобил!

Три лица синоќа завршиле со тешки повреди и итно биле пренесени во болница во Белград откако направиле страотна сообраќајна несреќа со својот автомобил. Според информациите на српскиот телеграф, несреќата се случила кога фолсфаген поло кој се движел со голема брзина удрил во бандера, а ударот бил толку силен што ја разбудил српската дива Светлана Цеца Ражнатовиќ, која живее во близина на местото каде се случила несреќата.

Пејачката веднаш излегла, го забележала автомобилот, викнала полиција и брза помош, апотоа и сама отрчала да им помогне на повредените. 

За среќа, повредените лица не се во животна опасност.

 

14.12.2013 - 10:59

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега