СДСМ ги презентираше мерките во Карпош

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија синоќа одржа трибина во општина Карпош, на која се обрати претседателот на партијата Зоран Заев.

- Очите на јавноста се свртени кон СДСМ и опозицијата. Придружете ни се. Сите заедно да ја пратиме пораката дека завршува оваа власт и заедно со неа бесперспективноста на Македонија, рече Заев обраќајќи им се на присутните.

Да се намалат давачките што државата им ги наметнува на граѓаните. Целта на СДСМ е да се олабават и успокојат семејните буџети, да се подобрат и збогатат. Ако се стабилизираат разнишаните темели на државата, ќе се стабилизира и куќата Република Македонија, рече претседателот на СДСМ.

Појасни дека новата програма на СДСМ брои повеќе од 350 предлог мерки. 

- Овој концепт во краток период може да даде резултат, да го избалансира социјалниот аспект, на мала група од 2-3 проценти богати, 4-5 проценти средна класа и огромната група сиромаштија, посочи претседателот на СДСМ.

Најави дека СДСМ планира еднаков третман на домашните и странските инвеститори, се осврна на мерката ДДВ викенд што ќе се спроведува во првиот викенд од септември, кога, како што рече, семејствата во Македонија се соочуваат со најголемите финансиски предизвици, на предлог мерките на СДСМ за образованието, и на пакетот мерки за вработувања на млади, вкупно 48 предлог мерки.

- Една од тие мерки е финансирање од страна на државата на 320 идеи годишно за отворање сопствени бизниси. Секоја од идеите ќе биде бескаматно и бесповратно финансирана од државата со по 10.000 евра за идеа. Тоа државата ќе ја чини вкупно 320 милиони евра, рече на трибината Заев.

 

14.12.2013 - 11:42

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа