Целосно обновена улицата „Антон Чехов“ во населбата Даме Груев

Општина Ѓорче Петров заврши со обновувањето на улицата „Антон Чехов “ во населбата Даме Груев.

- Иако оваа улица се наоѓа во центарот на населбата „Даме Груев“ дури оваа администрација на општината Ѓорче Петров превзеде акција за да се изгради оваа заборавена улица. Екипите на „Гранит“ од Скопје се потрудија пред првите снегови да ги завршат сите градежни работи предвидени со проектот. Средствата зареконструкција се обезбедени од општинскиот буџет, соопшти општина Ѓорче Петров.

Улицата долга 120 и широка седум метри, е целосно обновена и на неа е изградена и комплетно нова водоводна, атмосферска и канализациска мрежа. 

14.12.2013 - 11:56
Фото: 
локално

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега