Скопје: И го украл паричникот среде бел ден па си пазарел со нејзината картичка

Скопската полиција расветли џебна кражба извршена на автобуската постојка кај хотелот “Холидеј Ин“ во Скопје.

Според податоците од полицијата, на 18 минатиот месец, на автобуската станица кај Холидеј Ин 46-годишниот И.С. од Скопје и го украл паричникот на скопјанката В.Ч. во кој имало лични документи,банкарски картички, 2.000 денари и златна обетка.  Истиот ден сторителот ги употребил банкарските картички и од нив успеал да извлече 33.000 денари. 

Инаку, И.С. е познат сторител  на кривични дела, а против него веќе е изречена казна затвор.

14.12.2013 - 12:35
Фото: 
Сител

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега