Подметнат пожар во црквата „Света Петка" во Демир Хисар

Во текот на вчерашниот ден околу 11 часот и 30 минути во полициската станица во Демир Хисар било пријавено дека е подметнат пожар во црквата Света Петка во селото Велмевци.

Пожарот во полиција го пријавил 76-годишниот Ј.Ф. кој на полицајците им раскажал дека околу 13 часот од страна на засега непознат сторител бил подметнат пожар во внатрешноста на црквичето  во кој изгореле 2-3 икони како и внатрешноста на црквата.

14.12.2013 - 12:57
Фото: 
Сител

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега