Мафијашки: Со седум куршуми во глава и стомак го убил пред вратата од домот

Со повеќе истрели во глава и во градите, утрово околу 2 часот убиен е 41 годишен маж во белградската населба Карабурма. Според информациите кои ги објавуваат српските медиуми повикувајќи се на официјални извори во полицијата, мажот бил убиен пред сопствениот стан. Тој од порано и бил познат на полицијата.
Според неофицијални информации, полијата пронашла 7 чаури во влезот на зградата. На лице место пристигнале екипи на Брза помош кои констатирале смрт, а полицијата трага по убиецот

14.12.2013 - 13:38

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега