ФОТО: Тинејџер од Нови Пазар лажел дека ќе студира - отишол да војува во Сирија

Мирза Ганиќ има 19 години и е од Нови Пазар. Верувале или не, бил првенец на генерација и послушно дете, но направил нешто кое никој не го очекувал. Момчето заминало во Сирија за да војува, па сега дури и семејството си го смета за непријател.

Мајката на момчето Шадија живее во селото Горно Себечево.

- Вие ништо не сфаќате. Тој повеќе не постои. Грабнат е. Тие луѓе кои го направија тоа се опасни за него, а и за мене нема повеќе живот. Полицијат аништо не направи, а мојот син го нема. Тие луѓе го грабнаа. Не смеам од нив повеќе да кажам ниту збор. Се плашам за себе и за другиот син – им рекла Шадија на новинарите од Блиц.

Приказната за него полека ја отплеткуваат другите членови од семејството.

- Патот го спремаше година дена. На мајка си, татко си и на мене ни велеше дека ќе оди во Каиро каде наводно ќе студира математика. Сите не излажа. Тоа утро кога замина, ги спакува работите во торбица. Една маица, фармерки и резервни патики. Утрото во пет ги разбуди мајка си и татко си, ги бакна и им рече дека заминува. Се јави неколку дена подоцна од турска граница и рече дека оди во џихад. Сите бевме шокирани, раскажува некоиот чичко Џемаил.

- Последен пат телефонски се јави пред 2 месеци. Му рековме дека не знае што прави, дека греши. Ни рече дека сега сите ние сме му непријатели, и мајка му и јас. Само затоа што се противиме на неговата идеја. Рече дека тој ја сака светата војна и дека му е чест за загине за тоа. Тогаш го прекина разговорот и повеќе не сме се слушнале – вели Џемаил Ганиќ.

14.12.2013 - 15:03

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа