Урната висококатницата на дедото на градоначалникот на Тирана

Со 300 килограми експлозив урната е осумкатница на самиот брег во приморскиот град Валона, во сопственост на дедото на градоначалникот на Тирана, Љуљзим Баша.

И покрај тврдењата на сопственикот дека поседува потребна документација, Државниот инспектор за урбанизам на Албанија донесе решение за нејзино уривање зашто била изградена на локација на која не се предвидени градби. ОСум часа пред детонирањето било забрането секакво движење.

 Став на Владата на социјалистот Еди Рама е да се исчисти крјабрежјето од дивоградби и несоодветно поставени објекти.

 

15.12.2013 - 10:52
Фото: 
Плусинфо

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега