Трагедија: Скопјанец го загуби животот откако со тракторот се превртел во провалија

Уште една трагедија викендов во Македонија. На локалниот пат село Побожје-село Бродец, кај месноста “Две реки“ во Скопје, се случила сообраќајна незгода во која 49-годишниот Милче П. управувајќи трактор без регистарски броеви со приколка, изгубил контрола, излегол надвор од коловозот и се превртел во провалија.

За жал. Милче го загубил животот на местото на настанот.

Над телото на починатиот ќе биде извршена обдукција.

15.12.2013 - 14:10

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега