Делчевчанец ја ограбил фирмата во која работи па пријавил дека го ограбиле

Делчевчанец си заработи кривична пријава бидејќи лажно пријавил разбојништво. Се работи за 28-годишниот Д.С. кој  лажно пријавил дека на излез од селото Волково, кај обиколницата, непознати маскирани разбојници со закана со пиштол му одзеле одзеле 3.200 евра, две платежни картички и мобилен телефон, соппственост на фирмата во која работел.

Полицијата открила недоследност во неговата изјава, по што тој признал дека лажно ја пријавил кражбата. 

Со цел да се стекне со имотна корист, парите ги сокрил во механичарскиот алат во товарното моторно возило, а двете платежни картички и телефонот ги фрлил во непосредна близина на местото, каде лажно го пријавил разбојништвото.

15.12.2013 - 14:25

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега