Јурумлери: Намерно си го прегазил братот со автомобил

СВР Скопје поднесе кривична пријава против 23-годишниот Д.М. за „убиство во обид“.

Месецов околу 3 часот по полноќ на регионалниот пат Скопје – Велес, во село Јурумлери управувајќи патничко моторно возило „Форд Ескорт“ со скопски регистарски таблички, сопственост на неговиот татко Т.М.,  скопјанецот удрил во својот брат Ј.М.и В.Б., кои со тешки повреди биле пренесени на Ургентен.

Од налетот на возилото бил удрен и Б.Ј. кој не е повреден, но странично паднал во каналот покрај патот.

Откако Д.М. заедно со својот брат излегол од ноќниот клуб „Лалара“ настанала тепачка во која учествувале двајцата и тогаш пријавениот влегол во возилото, го стартувал и ги удрил лицата.

Д.М. потврдува дека со возилото го удрил својот брат и уште едно лице.

15.12.2013 - 14:44

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега