Црвена Ѕвезда падна пред МЗТ во Скопје

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродорм, вечерва во Скопје во рамките на 12.коло од АБА лигата  го совладаа лидерот Црвена ѕвезда со 65:58 (18:17, 18:11; 13:18, 16:12).

Ова беше прва победа за скопскиот тим по серијата од пет последователни порази во АБА лигата и Еврокупот, а воедно и прва победа нановиот тренер Словенецот Зоран Мартич.

Натпреварот во Спорстскиот центар „Борис Трајковски“, МЗТ го реши во последната минута кога успеа да направи серија од 7-0, за конечни 65-78.

Во текот на натпреварот ниту еден од тимовите немаше поглема предност од осум поени. Напрецизен во домашната екипа беше Кејд Дејвис со 19 поени и 5 скока, а 11 поени во своето деби за тимот на МЗТ постигна Маринковиќ.

Вечерашната беше петтата победа на МЗТ Скопје во АБА лигата во 12. одиграни натпревари со која се искачи на осмото место на табелата

15.12.2013 - 22:16

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега