Вистински професионалец: Бекам досуди пенал против сопствениот син

Необично, но сепак професионално од негова страна, Дејвид Бекам прифати да биде судија на еден натпревар помеѓу екипи на деца, па го расплака својот син. 

Имено, светските медиуми пренесуваат дека Бекам судел на натпревар во кој играл и неговиот син Ромео, па кога како вистински професионалец Бекам досудил пенал за противничката екипа, неговото синче започнало да плаче.

- Не сакаше со мене потоа да зборува цели два дена. Сепак, ова за мојот син беше добра школа. Треба да знае дека не треба и не може секогаш да биде по негово, вели фудбалерот.

16.12.2013 - 09:02

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега