Стевчо Јакимовски: Ќе бидеме дел од власта

Граѓанската опција на Македонија, ГРОМ, новоформираната политиќка партија предводена од Стефчо Јакимовски, нема да ја пропушти шансата на следните избори да биде дел од Власта. Јакимовски во интервјуто за Прес24, вели дека освоени на пет пратенички мандати и гарантира на партијата успех и позиционирање во владината коалиција.

-Под обезбедени пет пратеничи мандати е наш неуспех, а се што ќе освоиме над пет е наш успех имајќи во предвид дека од основањето на нашата партија до распишувањето на избори имаме само четири месци, вели Јакимовски, потенцирајќи дека на изборите ќе одат сами, без коалиции вклучувајќи го и учеството на претседателските избори, за каде својот кандидат ќе го овјават во првата половина на јануари, но тоа нема да биде актуелниот гардоначалник на Општина Карпош.

- Наш став е дека  ќе коалицираме со оној којшто ќе има најмногу освоени гласови на  изборите, што е и логично. Ако СДСМ ги загуби изборите и има помалку освоено пратенички мандати не знам зошто тоа загубарско друштво би било за нас интересно, вели Јакимовски во интервјуто за Прес24.

Јакимовски од денешен аспект не сака да зборува за состојбите во неговата претходна партија, СДСМ. Со новиот лидер Зоран Заев, не се среќавал, а вели и нема зошто.

- Колку СДСМ ќе освои пратеници на следните парламентарни избори ние во ГРОМ се грижиме колку за ланскиот снег. Тоа нека му ја мисли Заев и неговата компанија, вели Јакимовски.

За тоа дека во СДСМ немале страв од ГРОМ и од другие паертии кои прозилегоа од најголемата опозициона СДСМ, Јакимовски одговара/

- Што се однесува до стравот, можам како улустрација да кажам дека кога дете си игра покрај река тој не чувствува страв дека може да се удави. Така и СДСМ ќе се удави во својата „бестрашност“ и самоувереност. А тоа што нашите позиции на Заев не му биле јасно, што го повторува неколкупати, не знам што не му е јасно?! Не сме со него и со СДСМ. Појасно – здравје, вели претседателот на ГРОМ, за Прес24.

Во ГРОМ веруваат дека мултетничкиот концепт кој како партија го форсираат може да стане реалност во Македонија.

-ГРОМ навистина искрено се залага да наметне концепт на мултиетничност, меѓуетничка толеранција и соживот. Мислам дека е доста да бидеме  само декларативни кога е во прашање мултиетничноста. Ние тоа во пракса го правиме. Во ГРОМ не има од сите етникуми, Македонци, Албанци, Турци, Власи, Срби, Роми, Бошњаци, Црногорци. Нашата потпретседателка е млада и амбициозна Албанка и заедно ги уриваме сите бариери и предрасуди. Доста живеевме едни едни порај други, треба да покажеме како живееме едни со други. Граѓаните го разбираат тој јазик и многу лесно го прифаќаат, вели за Прес24, Јакимовски.

Двојна формула. Едно име за меѓународна употреба-уставното, а со Грците да преговараме како ќе не ословуваат, е ставот на партијата за начинот како да се реши прашањето за името.

 

ПРЕС24: Март следната година ќе биде првиот тест на ГРОМ на едни избори. Ќе учествувате со свој кандидат или размислувате да поддржите некој од кандидатите на поголемите партии или пак можеби некоја независна кандидатура?

ЈАКИМОВСКИ: Секои избори се нов тест за секоја партија, без оглед дали е нова или стара. Колку се тест за нас, толку се и за СДСМ и за ВМРО-ДПМНЕ. За ВМРО-ДПМНЕ ќе биде тест за исправноста на нејзините политики, а за СДСМ да се извлече од живиот песок во кој западна, или ќе потоне. Немаме намера да бидеме ничиј приврзок. Одиме на избори самостојно и за тоа имаме доволно сила. Впрочем, тоа го покажуваат и рејтинг листите.

ПРЕС24: Дали Стевчо Јакимовски ќе велезе во претседателската трка како кандидат на ГРОМ?

ЈАКИМОВСКИ: Не, јас нема да бидам тој кандидат, а името на нашиот претседателски кандидат ќе го објавиме после 15 јануари.

ПРЕС24: Се поизвесно е дека во истовреме ќе има парламентарни избори. Има ли ГРОМ доволна логистичка поддршка на целатат територија за учество на евентуалните парламентарни избори?

ЈАКИМОВСКИ: Токму тоа го работиме сега со засилено темпо. До сега формиравме 29 општински организации на ГРОМ и интензивно работиме на натамошно ширење на мрежата на месните одбори, младинските форуми, форумите на жени и на пензионери. До Нова Година очекуваме да имаме формирано околу 45 општински организации, а севкупно околу 60. Месните одбори се најбитниот дел од структурата на партијата. Ако тие се живи клетки полни со енергија, ентузијазам и полни со активни членови, добрите резултати на изборите се неминовни.

ПРЕС24: Ве прашувам затоа што многумина проценуваат дека ГРОМ ќе остане само како локална партија во Карпош? Се согласувате со таквите констатации?

ЈАКИМОВСКИ: Тоа се СДСМ-овски тези. Ако ние сме локална партија, тогаш тие се салонска, затоа што  во руралните средини, во селата, целосно ја изгубија поддршката. Ако е нивната теза точна, тогаш како е можно во скопските општини, на пример во Ѓорче Петров да имаме веќе над 1.300 членови, а во останатите скопски општини таа бројка се движи од 500-до 700 по општина. Во Кавадарци имаме над 1.700 членови, во Струмица, во Куманово, Охрид  во сите три имаме по над 1.200 членови, а таа бројка секојдневно прогресира.

ПРЕС24: Кои се Вашите проценки? На колку пратенички мандати типувате?

ЈАКИМОВСКИ: Под обезбедени пет пратеничи мандати е наш неуспех, а се што ќе освоиме над пет е наш успех имајќи во предвид дека од основањето на нашата партија до распишувањето на избори имаме само четири месци.

ПРЕС24: Евентулаен влез во Парламентот, што ќе значи за ГРОМ. Позиционирање како поддржувачи на идното владино мнозинство, или пак блискост до опозицијата?

ЈАКИМОВСКИ: Ако добро ве разбирам, вие прејудицирате декаа ВМРО-ДПМНЕ ќе победи на изборите?! Наш став е дека  ќе коалицираме со оној којшто ќе има најмногу освоени гласови на  изборите, што е и логично. Ако СДСМ ги загуби изборите и има помалку освоено пратенички мандати не знам зошто тоа загубарско друштво би било за нас интересно.

ПРЕС24: Сегашните анкети покажуваат дека и следната влада би ја формирале актуелните владеачки партии, ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, барем ако изборниот резултат биде онаков како што предвидуваат анкетите. Би прифатиле ли учество во идната Влада, ако хипотетички бидете повикани на разговори?

ЈАКИМОВСКИ: Нема причина зошто да не прифатиме. Тоа е наша цел, за таа цел се формираме, да бидеме дел од власта, а не дел од опозиција.

ПРЕС24: На локално ниво веќе имате едно искуство. Како функционира оваа коалиција во општина Карпош?

ЈАКИМОВСКИ: Најнормално. Општина Карпош секогаш функционирала беспрекорно. И во времето кога јас како нејзин прв човек бев член на опозициска партија, општината функционираше во најдобар ред и сега. Никогаш не сум правел непринципиелни опструкции, да терам инаети, ниту пак сум стопирал некои витални проекти на Владата. Секогаш националните интереси и интересите на граѓаните на Карпош и на Република Македонија се пред теснопартиските интереси. И сега исто така. Можеби имаме обид за  попречување од страна на советниците на СДСМ кои се во опозиција, но подготвени сме да ги издржиме сите удари и да одиме напред.

ПРЕС24: Кои се Вашите прогнози, каков изборен резултат би имале сегашната најголема опозициона партија, СДСМ?

 

ЈАКИМОВСКИ: Колку СДСМ ќе освои пратеници на следните парламентарни избори ние во ГРОМ се грижиме колку за ланскиот снег. Тоа нека му ја мисли ЗАев и неговата компанија.

ПРЕС24: Постојат ли разговори во опозицискиот блок за евентуална предизборна коалиција. Сте се сретнале ли со Зоран Заев откако тој е лидер на СДСМ?

ЈАКИМОВСКИ: Не, и немам зошто да се среќавам. Немаме заеднички прашања околу кои би разговарале. Единствено наша заедничка  тема е нашата политичка програма со решенија кои СДСМ очигледно, во состојба на безидејност, ги презентира како свои. Ние намерно не реагираме зашто сметаме дека е убаво кога некој учи од нас. Со никој не сум се сретнал, ниту сум разговарал за предизборни коалиции. Ние си имаме свој ГРОМ-овски пат и нема потреба да се поврзуваме со било кој пред изборите. Имаме доволно автентични и квалитетни решенија за секојдневните маки на граѓаните. Немаме прашање за кој немаме кристално изграден став, дали станува збор за невработеноста, за економската состојба, за името, за евроинтеграциите, се до екологијата, земјоделието...

Што се однесува до Заев, тој откако дојде на чело на СДСМ има премногу сопствени грижи како да ја консолидира разнебитената партија и аферите што секојдневно го следат. Јас навистина немам потреба да му ги решавам, а не гледам ни друга причина за коалицирање.

ПРЕС24: Што мислите за неговиот начин на водење на СДСМ? Дали ќе успее да се наметне како авторитет во Партијата?

ЈАКИМОВСКИ: Зашто не ме разберете дека Заев и СДСМ се надвор од нашите опсервации и анализи.

ПРЕС24: Во едно интервју Заев вели дека немал страв од новите партии и додава дека  Вашите промовирани ставови досега имаат одредени нејзасни позиции. Што ќе одговите на ова?

ЈАКИМОВСКИ: Што се однесува до стравот, можам како улустрација да кажам дека кога дете си игра покрај река тој не чувствува страв дека може да се удави. Така и СДСМ ќе се удави во својата „бестрашност“ и самоувереност. А тоа што нашите позиции на Заев не му биле јасно, што го повторува неколкупати, не знам што не му е јасно?! Не сме со него и со СДСМ. Појасно – здравје.

ПРЕС24: Со Алијансата за позитивна Македонија, какви се Вашите релации? Неколкупати имаше куртоазни заложби за соработка. Има нешто конкретно од тоа?

ЈАКИМОВСКИ: Како што рековте тоа главно беа куртоазни заложби или би рекол во рамките на нивото на политичка коректност. Ние сме отворени за комуникацвија со сите партии на македонската политичка сцена без оглед дали се тоа „стари“ или „млади“, новоформирани. Бев на нивното конституирање, учествуваме на нивни трибини заедно со останатите партии, но тука и завршува. Сепак сме два различни политички субјекти и секој се бори за „свое место под сонцето“.

ПРЕС24: Што е она што ГРОМ може да го понуди како различен политички концепт од она што сега го има на политичката сцена?

ЈАКИМОВСКИ:  Разликата меѓу ГРОМ и останатите политички партии е што ова е мултиетничка и мултиконфесионална партија. Наш потпретседател е г-ѓата Мавие Мехмети, млада професорка од Скопје. Во Извршниот одбор на партијата имаме и Турци и Власи и Срби и од другите етнички заедници.

- ГРОМ е за натамошна децентрализација на власта и за зголрмување на ингеренциите на локалната самоуправа. Ние сметаме дека јавниот ред и мир , како дел од брзбедносната структура на Република Македонија треба да биде под локално ниво. Командирот на  полициската станица да му одговара за безбедноста на граѓаните на градоначалникот.

-Голем  дел од социјалната заштита треба да оди под ингеренции на локалната самоуправа зашто никој подобро не ја познава социјалната положба на граѓаните од локалната власт.

Имотно правните односи треба да ги управува општината зашто тој дел има сродност со издавањето на греадежните дозволи и урбанистичкото планирање.

Со ова многу ќе се подобри ефикасноста во менаџирањето на администрацијата.

-ГРОМ смета дека повеќе пари треба да има за претпријатијата и за граѓаните, а помалку за владата, зашто владата лесно заработува( со закони, со принуда, со блокади, со казни) но уште полесно троши. Граѓаните имаат многу поприродни канали за инвестирање на парите.

-ГРОМ се залага за драстично намалување на нестопанските инвестиции, зашто тие не создават нова вредност и не креираат нови работни места.

- ГРОМ е за „дескопјеизација“ на РМ , зашто ние сметаме дека има  живот насекаде во државата, само тој треба да се поддржи со сомислена владина политика. Сите граѓани на РМ имаат право барем на приближно исти инфраструктурни, здраствени,образовни, културни, спортско-рекреативни услови и право на исти услови за водење бизнис и работно ангажирање.

- ГРОМ смета дека треба да се зголеми поддршката на мали и средни претпријатија, зашто тие се носители на економскиот развој, бидејќи веќе немаме големи системи кои вработуваа од 5.000 до 10.000 работници. Нив треба да ги поттикнеме и да им го олесниме работењето и да им овозможиме полесна достапност до квалитетни средства.

- ГРОМ смета дека треба да се обезбеди еднаков третман на домашните и странските инвеститори кога станува збор за бенефициите кои ги добиваат.

- ГРОМ смета дека казните на стопанството и на граѓаните треба да се намалат за дури 80%, зашто тие се инквизициски и го кочат развојот на стопанството.Ваквите казни непотребно сеат страв, зашто ќе се сложите со мене,  наплатата на даноците и даночната евазија во однос на 2006 е далеку, далеку подобра, па спрема тоа нема потреба од вакви драконски казни.

- ГРОМ смета дека земјоделците не треба да плаќаат персонален данок од доход, оти таму заработувачките се многу мали. Треба да се намали данокот на семенскиот материјал, пестицидите, ѓубривата и земјоделците треба да добиваат нафта без ДДВ и акциза. Со ваквите мерки ќе паднат трошоците по единица земјоделски производ, ние ќе имаме на трпезата поефтини земјоделски производи, земјоделците ќе имаат поголеми профити, а нашите производи ќе бидат поконкурентни на светските пазари.

-ГРОМ  се залага за уште поголема конкуренција во областа на  телекомуникациите со цел да се намсалат трошоците за фиксна, мобилна и интернет услугите. Ние сметаме дека треба да се развива интернет банкарството и другите интернет услуги.

-Ние сметаме дека нашето обвразование има мала употребна вредност и не кореспондира со барањата на пазарот на трудот.Премногу е теоретско, без практична примена. Треба да се намалат теоретските оптоварувања, за сметка на практичната обука и да се зголеми бројот на специјализираните средни училишта.

- ГРОМ смета дека приватното здравство се развива на товар на јавното здравство и дека за неколку години  јавното здравство ќе биде сведено на многу ниски гранки. Ние сметаме дека јавното здравство не се  само скапите апарати и лабараториите, туку и докторите и затоа треба да ја подобриме материјалната пиоложба на овој кадар.

-ГРОМ смета дека  спортот е препуштен на поддршката на локалната самоуправа и  неколку бизнисмени, а отсуствува конзистентна државна политика. ГРОМ смета дека државата мора да гарантира еднакви услови за спортување на сите спортисти од првата и втората лига и дека треба да го поддржува училишниот спорт.

ПРЕС24:  Го препознаваат ли граѓаните оној граѓански концепт кој што го форсирате. Едно е да имате во раководството на партијата луѓе од различни етнички структури, но сепак сосема друго е на терен тие луѓе да придобијат гласачи од нивната етничка група за гласање. Во Македонија сепак етничката линија меѓу партиите е огромна. Како мислите да ја поминете таа линија?

ЈАКИМОВСКИ: Таа линија во ГРОМ е во старт помината. Тоа треба само да им го покажеме на граѓаните. ГРОМ навистина искрено се залага да наметне концепт на мултиетничност, меѓуетничка толеранција и соживот. Мислам дека е доста да бидеме  само декларативни кога е во прашање мултиетничноста. Ние тоа во пракса го правиме. Во ГРОМ не има од сите етникуми, Македонци, Албанци, Турци, Власи, Срби, Роми, Бошњаци, Црногорци. Нашата потпретседателка е млада и амбициозна Албанка и заедно ги уриваме сите бариери и предрасуди. Доста живеевме едни едни порај други, треба да покажеме како живееме едни со други. Граѓаните го разбираат тој јазик и многу лесно го прифаќаат. Наш став е дека етничкиот колорит само не збогатува, туке  е нашата сила и моќ.

ПРЕС24: Околу националните стратешни интереси на државата. Претпоставувам дека евроатланските интеграции не се спорни, но како Вие би го решиле прашањето за името и деблокадата на евро-атланските процеси?

ЈАКИМОВСКИ: Конечно би сакал да кажам дека ГРОМ е оригинален и по прашањето за името. Ние јасно кажавме дека името не го менуваме. Исто така, нашиот став е дека нема да прифатиме ниту референдум за името. Името не го добивме на референдум , па нема на него ниту да го потврдуваме, ниту да го менуваме. Мислам дека ние како Република Македонија доста направивме отстапки кон нашиот јужен сосед, со цел да покажеме добрососедство и толаранција. Го сменивме знамето, Уставот во делот за грижата за нашите малцинства, ги изодевме сите трнливи патишта на патот за меѓународно признавање. Сега се Грците на ред. Ние сме признаени од најголемите светски сили САД и Русија под уставното име и од уште 132 членки на ОН,  а од Грција и натаму добиваме само опструкции. Нашиот предлог, како ГРОМ е најмногу-двојна формула. Едно име за меѓународна употреба-уставното, а со Грците да преговараме како ќе не ословуваат

16.12.2013 - 10:43

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега