Отворена работилница за квалитетот на возухот

Министерството за животна средина и просторно планирање континуирано реализира активности за подобрување на квалитетот на воздухот, како медиум со примарно влијание врз животната средина и здравјето на луѓето, истакна денеска ресорниот министер Абдилаќим Адеми на отворањето на дводневната ТАИЕХ работилница за квалитет на воздух.

Со финансиската помош од програмите ФАРЕ, КАРДС и ИПА, Министерството, како што истакна, успешно подготвило 11 подзаконски акти во областа, воспостави модерен Државен автоматски мониторинг систем за воздух, како и веб-портал за воздух со што ја подобри својата транспарентност.

- Освен транспонирање на ЕУ легислатива, што е нотирано во извештаите на Европската комисија, напорно се работеше и на подготовка на стратешки документи како Националниот план за редукција на емисиите и Националниот план за заштитата на воздухот, кои измината година беа донесени од Владата. Во нив се дефинирани мерките за заштита на воздухот на национално ниво, рече Адеми.

Тој потенцира дека локалната власт треба да учествува преку изработка на планови во кои ќе се пропишат мерки за заштита и подобрување на квалитетот на воздух

16.12.2013 - 13:11
Фото: 
Портал

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа