ФОТО: Наместено ждребувањето во ЛШ!?

По серијата можни навестувања за местењата во Лигата на шампиони во изминатите неколку години, и овој пат се појави сомнеж за тоа дека во Нион не се одвива се како што треба со ждребувањето во најелитната фудбалска лига. 

Имено станува збор за објавен твитер на налогот на @uefacorruption и тоа ден пред ждрепката каде беа погодени сите мечеви од денешното извлекување.

Сопственикот на налогот и објавил порака: „Токму сега ќе ги објавиме сите резултати од утрешната ждрепка“.

А, потоа, тргнал со ред...

Баерн Минхен - Арсенал, Барселона - Манчестер сити, Атлетико Мадрид - Милан, итн.

Сите ги погодил!

Ден подоцна, кога во Нион, седиштето на УЕФА, се извлечени токму овие парови, тој се логирал и „твитнал“: „Се надевам дека се помина како што треба...“.

16.12.2013 - 16:09

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега