Реконструкција на магистралниот пат на делницата меѓу Делчево и Македонска Каменица

Започна реконструкцијата на магистралниот пат М -5 на делницата помеѓу Македонска Каменица и Делчево. 

Со реконструкцијата се отстранува главниот носив асфалтен слој од коловозот и се заменува со нов во дебелина од 6 до 9 сантиметри, се чистата банкините и каналетките, се поставуваат нови рабници и се санираат крајпатните косини.

Инвеститор е Јавното претпријатие за државни патишта на Република Македонија, додека изведувач АД градежно претпријатие „Гранит“.

Додека трае реконструкцијата, сообраќајот ќе се одвива со посебен режим со наизменично пропуштање на возилата во двете насоки.

17.12.2013 - 10:17

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа