Бабунски нема да игра за Барселона

Македонскиот фудбалер Давид Бабунски ќе биде изоставен од првиот тим на Барселона за мечот од Купот на Шпанија. Според некои шпански медиуми, на официјалната страна на Фудбалската Федерација на Македонија беше објавено дека тој ќе биде во почетниот состав. 

Точно е дека младиот Бабунски тренирал со тимот на Тата Мартино, но сепак не се најде на неговиот список за пресметката со Картахена.

Тренерот на Барселона вчера по тренингот го објави списокот на фудбалери на кои ќе смета на овој натпревар, но го нема нашиот Бабунски. На списокот се најдоа 16 фудбалери, а Пике, Чави и Бускетс ќе одмораат.

Список на Барселона: Пинто, Оласабал, Монтоја, Фабрегас, Пујол, Педро, Иниеста, Санчез, Нејмар, Маскерано, Бартра, Сонг, Жорди Алба, Тељо, Адриано и Сержи Роберто.

17.12.2013 - 10:21

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега